Застава автомобили од Србија оди под стечај

31

zastava avtomobili

Српската компанија Застава автомобили АД оди под стечај поради презадолженост, јавува Танјуг.

Сметката на оваа српска компанија веќе 701 ден е блокирана, а околу 300 поранешни работници бараат да им се исплатата заостанатите плати во износ од над 970.000 евра.

Стопанскиот суд во Крагуевац над Застава отвори стечај на предлог на Министерството за економија, бидејќи компанијата има негативен капитал од над 404 милиони евра.

Вработените во компанијата бараат одложување на стечајот додека не се согледа целиот имот, барајќи да им се исплатата заостанатите плати во период од 1997 до 2001 година.