Затворени американските и европски берзи

13

Европските и американските берзи денеска се затворени поради Велигденските празници.

Единствен исклучок е Московската берза, каде индексот MOEX денеска во 9 часот порасна на 3.105,88 поени.

Вредностите на другите европски и американски индекси ја одразуваат состојбата на затворањето на берзите во петокот.

Индексот DAX на Франкфуртската берза потоа се искачи на 16.706,18 поени, исто како и лондонскиот FTSE 100 на 7.697,51 поени, а францускиот CAC 40 падна на 7.568,82 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс се спушти на 37.385,97 поени, вредноста на индексот S&P 500 се искачи на 4.754,63 поени, како и вредноста на индексот Nasdaq на 14.992,97 поени.

На затворањето на берзата ТТФ во петокот европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 34,174 евра за мегават-час.

Цените на златото и на пченицата тогаш се зголемија на 2.052,98 долари за унца злато (унца е еднаква на 28,35 грама) или 6,1625 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10150, а еврото е најсилно во однос на американската валута во последните пет месеци.