Затворени копнените граници и забранет влез во Грција на државјани на трети земји до 8 март

185

За уште две седмици, до осми март 2020 година, грчката Влада ја продолжи одлуката за ограничување на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за мерките што веќе 11 месеци се продолжуваат, а новата одлука за “воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната” за да се ограничи ширењето на коронавирусот синоќа беше објавена во Службен весник на Грција, а од утре во 6 часот наутро стапува во сила.