Збогум сиромаштијо: На лото му се паднаа 1,05 милијарди долари

42

Непознат среќник во Мичиген (САД) е сопственик на лото ливче вредно 1,05 милијарди долари, што е трета најголема награда во историјата на игрите на среќа во САД.

Победничките броеви на ливчето се: 4, 26, 42, 50 и 60 и 24.

“Некој во Мичиген утрово се разбудил со вест што ќе му го промени животот. Му честитаме на новиот милијардер од Мичиген“, вели Рејчел Хрст, регионална портпаролка на супермаркет во којшто е купено ливчето.

Организаторот на играта очекува добитникот да се јави дури откако ќе се “собере“ и ќе сфати што му се случило во животот, пренесува Associated Press.

Фото: Freepik