Францускиот бренд zChocolat познат по премиум луксузни пакувања на чоколади ја претстави својата нова колекција на рачно направени чоколади за Денот на вљубените.
Новата колекција ја сочинуваат 16 производи – Romantic Zbox 6 (33 евра), Romantic 12 (37 евра), Romantic Xbox 12 (46 евра) и Romantic 27-PC (76 евра), коишто содржат млечни чоколади и кремасти пралини од лешник.
Ограниченото издание Romantic Sapphire Gold чини 320 евра, а се состои од 12 чоколади во облик на срце. Чоколадите се обложени со злато што се јаде и се спакувани во елегантна и луксузна кутија со златни детали. Romantic Sapphire Gold 2 чини 134 евра, а во неа има две чоколади обложени со злато и 10 чоколадни срца. Precious чини 172 евра, а има форма на голем дијамант.
Најлуксузно издание на оваа колекција е Romantic Ambrosia и чини 437 евра. Во дрвена кутија со шест фиоки се спакувани 114 различни видови на чоколатца.