Здравје Актавис отвори нов погон за производство

85

actavisФармацевтската компанија Здравје Актавис реализираше уште еден инвестициски проект во вредност од 3,7 милиони евра за отворање на нов погон за производство на лек кој се применува во терапијата против Паркинсоновата болест, соопштија од компанијата, јавуваат српските медиуми.

“Погонот се простира на околу 1.000 метри квадратни и во потполност е опремен и дизајниран во согласност со специфичните барања за производство на овој производ, кој во Здравје ексклузивно ќе се произведува за сите пазари на Актавис ширум светот”, изјави генералиот директор на фабриката Здравје Актавис, Бојан Јовиќ.

“Инсталираните капацитети во овој погон овозможуваат годишно производство од 50 милиони таблети од овој нов производ од портфолиото на Актавис, со можност за зголемување на капацитетите доколку расте пазарот. Со тоа е создадена силна основа за иден развој на фабриката Здравје Актавис во Лесковац”, додава Јовиќ.

Исландски Актавис во 2003 година за 3,5 милиони евра ја купи Здравје Лесковац и се обврза во периодот од пет години во фабриката да инвестира 20 милиони евра. Кон крајот на април годинава, Актавис го заврши откупот на акции од малцинските акционери, со што заврши комплетното преземање, а вкупните инвестиции од 2003 година до сега надминаа 50 милиони евра.