Zebright – паметен пешачки премин за безбедност на пешаците

148

pp

Фото: Youtube

Zebright е паметен пешачки премин со светлосен сигнал што ги предупредува возачите дека пешакот ќе преминува улица и ја зголемува видливоста во текот на ноќта. Оваа иновација е дело на шестчлен тим од Србија: Невен Тубиќ, Никола Брбовиќ, Ѓорѓе Величковиќ, Никола Крстиќ, Радомир Крстиќ и Жељко Томиќ.

Целта на паметниот пешачки премин е да ја зголеми безбедноста на пешаците кога поминуваат улица на слабо осветлени пешачки премини. Функционира на тој начин што го детектира пешакот, го активира осветлувањето и со тоа го известува возачот дека има пешак на пешачкиот премин, пишува Блиц.

Иновацијата го решава проблемот со жртви на слабо осветлени или неосветлени пешачки премини, а идејата настанала како резултат на лично искуство и податоците за настрадани луѓе во несреќи поради необележани пешачки премини.