Зегин- 35 години висок стандард, докажан квалитет и професионална грижа за здравјето

48

35  годишното постоење и искуство, како и континуинираниот развој придонесе Зегин да стане бизнис лидер во фармацевтската индустрија и компетентна компанија со силно влијание во целокупното бизнис опкружување.

Со близу 200 аптеки низ целата држава денес Зегин е синоним за аптека со докажан квалитет и висок стандард со огромен придонес за поздрава и посреќна заедница. Постоиме со генерации за нашите граѓани преку професионална грижа за здравјето. Успехот на компанијата се должи на доброто управување и одличната стратегија за развој.

Зегин отсекогаш важела за општествено одговорна компанија, а низ годините се трудиме да го “наметнеме” тој тренд и врз другите компании и поединци, поттикнувајќи ја целата заедница и позитивно влијаејќи преку активности во животната средина, со потрошувачите, вработените, заедниците и сите други членови на општествената сфера.

Како бизнис лидери во нашиот сегмент се стремиме да бидеме двигатели на иновации, квалитет и одговорност, поставувајќи стандарди и долгорочни вредности за нашите клиенти, партнери и заедницата во целина. Секогаш сме во чекор со најновите трендови и технологии кои ја трансформираат нашата индустрија. Постојано ги оптимизираме нашите процеси за да обезбедиме ефикасност и ефективност. Проактивно интегрираме иновации во нашето работење, не само за да бидеме конкурентни, туку и за да донесеме промени кои носат нови можности за секој од нас. Со користење на најновите технологии и методологии, ние ги подобруваме нашите услуги и производи, правејќи ги посигурни и поефикасни за нашите клиенти, бидејќи  довербата е основа на секој успешен бизнис. Нашиот успех е поврзан со задоволството на нашите клиенти.
Ние се стремиме да ги разбереме нивните потреби и да понудиме решенија кои не само што ги задоволуваат, туку и ги надминуваат нивните очекувања.
Инвестираме во иницијативи за развој на заедницата кои го подобруваат квалитетот на животот за сите, без разлика дали тоа е преку спонзорирање локални настани, поддршка на образовни програми или учество во проекти за општествено корисна работа.
Зегин посветено работи и придонесува за развојот на бизнис заедницата преку поддршка на бизнис проекти кои  имаат потенцијал да придонесат за унапредување на економскиот или општествениот развој на државата.
Затоа, оваа година Зегин е бронзен партнер на проектот „Бизнис лидер“ кој го прославува успехот на македонските компании кои придонеле за економскиот раст и развој на државата, истакнувајќи ги успешните приказни и нивните достигнувања.Вложуваме во развојот на нашите вработени, не само преку обука и едукација, туку и преку создавање на мотивирачка и поддржувачка работна средина. Веруваме дека разновидноста на мислења и искуства ја прави нашата компанија посилна.Со континуирано истражување на  пазарот и проширување на нашиот бизнис, создаваме нови можности за раст, повеќе работни места, повеќе партнерства како и посилна локална економија. Нашиот придонес за бизнис заедницата  е поттикнат  од вистинската желба да видиме како нашата заедница напреднува. Горди сме што сме катализатор за позитивни промени, работејќи заедно со други бизниси за да изградиме енергична, просперитетна и одржлива иднина.