Zeifie – апликација што се грижи за личната безбедност на корисникот

26

zeifie

Zeifie е апликација за мобилни уреди што се грижи за личната безбедност на корисникот. Штом се активира, апликацијата испраќа текстуална порака до сите нејзини корисници што се во близина на оној кој се чувствува небезбедно. Исто така, испраќа и информации до блиски пријатели или членови на семејството иако не се во близина.

zeifie-3

Активирањето на апликацијата може да се направи преку мобилниот уред или со притискање на копче што е сместено на приврзок што може да се постави на синџирче на врат, рака или на клучеви.

zeifie-1

Доколку некој се почувствува дека не е безбеден додека се движи надвор, може да ја активира апликацијата, којашто испраќа информации до останатите корисници кои се во близина. Оној што ќе го прифати повикот за аларм, преку Zeifie, ќе ја добие точната локација на корисникот, неговото име, фотографија и некои медицински информации што може да се наведат во апликацијата.

zeifie-12