Зејмоделците чекаат на владината одлука за откуп на пченицата

23

1A2BF01B-3084-472D-AD00-17ABE3C7EB2E_mw800Според зејмоделците мелничарите не го почитуваат договорот за откуп на пченицата, плаќаат по 11 до 12 денари за килограм, а квалитетот најчесто го проценуваат паушално наместо според хектолитарската маса на зрното.

Земјоделците најдоцна до утре очекуваат Владата да донесе одлука за интервентен откуп на 8.000 тони лебно жито.

“Владата повторно ќе ни излезе во пресрет. Но, пченица за откуп во овој случај може да понудат само производителите што имаат засеано до 15 хектари”, вели претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров.

Во Свети Николе неодамна се одржа средба на која присуствуваше и ресорниот министер Љупчо Димовски, на која беше договорено пченицата да се откупува во три класи по 13, 14 и 15 денари. На последниот состанок преработувачите, како што информира Тантаров, се обврзале да откупат уште по 20% од веќе преземените количини.

Земјоделците од министерот Димовски побараа годинашните субвенции да им бидат исплатени пред сеидбата.

Поради високите температури во јуни, годинава приносите се под очекувањата. Досега се откупени околу 60%, а уредбата за условен увоз од Србија останува во сила додека не се стабилизира домашниот пазар.