Зејтинот поевтин за 10 денари

29

Литар Кристал наместо 78 сега ќе чини 68 денари, откако цената на зејтинот поевтини за 13% како резултат на падот на маслата за јадење на светските берзи.

Од фабриката за масло Благој Ѓорев велат дека поевтинувањето се должи на намалените цени на суровото сончогледово масло, пренесува Утрински.

“Цената на сончогледот на светските берзи и на суровото масло е во опаѓање, богатиот род на сончогледот во соседството, во Бугарија, Србија, Романија но и во Украина придонесе да се намали цената по тон. Не може да се каже до кога ќе трае овој тренд, но во зависност од тоа ќе се формира и цената на македонскиот пазар”, изјави извршниот директор на Маслодајна, Горан Лазов.