“Зелен“ бетон со двојно помала емисија на штетни гасови

34

zelen beton

Научниците од Универзитетот Масачусетс (МИТ) пронајдоа начин за “зелено“ производство на цемент што емитува двојно помала емисија на штетни гасови од стандардниот бетон, пишува порталот Croenergo.eu.

Со детална анализа на молекуларната структура на бетонот, тимот од експерти утврди дека со намалување на количините од калциум силикат се добива материјал што има значително помала емисија на јаглерод диоксид, а покрај тоа е појак од стандардниот бетон.

Научниците утврдија дека со менување на соодносот на калциум и силициум 1,7:1,5 се добива два пати поотпорен цемент, а со подобрување на својствата се намалува можноста за пукање на материјалот.

Истражувањето е спроведено во соработка меѓу МИТ и Centre National de la Recherche scientifique (CNRS). Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот Nature Communications.