“Зелен“ надвозник во Канада со над 50.000 растенија

235

zelen nadvoznik

Компанијата Green over grey го дизајнираше најголемиот зелен надвозник под името Mountains & Trees, Waves & Pebbles’, во градот Суреј, Британска Колумбија, пишува Contemporist.

zelen nadvoznik 1

Двете страни од надвозникот, чија површина е 950 метри квадратни, се прекриени со 50.000 растенија од 120 различни видови. На зелените ѕидови е поставен автоматски систем за наводнување по принципот капка по капка.

Подлогата за поставување на растенијата е направена од синтетички материјали коишто се 100% разградливи. На овој начин, е избегнато еден ден на некоја депонија да завршат 20 тони пластика.