Застапничкиот дом на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина изгласа закон со којшто се забранува консумирање тутун во сите јавни затворени објекти, во јавниот превоз, но и во приватни автомобили во кои има деца.
ЗА гласале 63 пратеници, тројца биле против, додека двајца биле воздржани.
Предлог законот сега оди во Домот на народот на Парламентот на БиХ каде што треба да добие доволна поддршка за да стапи на сила, пренесуваат тамошните медиуми.
Предлог законот предвидува од денот на стапување на сила сите ќе имаат 18 месеци да создадат услови за спроведување на законот, а во тој период нема да се применуваат казни.
Овој предлог закон се применува за тутун, тутунски и други производи (наргиле, водело луле) за пушење, вклучувајќи и електронски цигари, бездимни тутунски производи и растителни производи за пушење.
Исто така, законот забранува и секаков вид на рекламирање на тутун и тутунски производи, истакнување фотографии, логоа и слично.
Фото: Pexels











