Земјава испраќа шест милиони денари помош за Хрватска

26

Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од шест милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња. Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите, порача премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук.

“До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите“, напиша Заев.

Едно детенце загина во земјотресот од 6,2 степени по Рихтер, што ја погоди Хрватска попладнево. Епицентарот на земјотресот е 50 километри од Загреб, а се почувствувал и од земјите во регионот.

Фото: Freepik