Земјава со добри резултати во спроведување на економските реформи

31

Република Северна Македонија забележува најдобри резултати во спроведување на мерките од Програмата за економски реформи во споредба со другите земји од процесот, согласно оценките на програмите од страна на Европската комисија. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата за почеток на Програмата за економски реформи 2020-2022.

“Членството во ЕУ е јасен приоритет на Владата. Тоа се гледа и од спроведувањето на мерките од Програмата за економски реформи. За споредба, откако започна да се подготвува Програмата, до 2017 година, реализацијата на препораките од заедничките заклучоци, беше доста ниска. Постојано беше посочувано дека земјата нема стратегија за реформи во јавните финансии, недоволна транспарентност во јавните финансии, честа промена на законите и некористење на алатката ЕНЕР за консулатции со јавноста по предлог закони, како и непреземање на активности во однос на неформалната економија“, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека со последните две Програми за економски реформи, поконкретно Програмата 2018 и Програмата 2019, направен е целосен пресврт во поставување и реализација на мерките.

“За првпат имаме јасна и кредибилна Стратегија за реформи во јавните финансии, значително е подобрена транспарентноста во јавните финансии. Стабилизирано е нивото на јавниот долг. Започна отплатата на доспеани неплатени обврски на јавниот сектор. Редовно се користи алатката ЕНЕР за консулатции со јавноста по предлог закони. За прв пат е донесена Стратегија за формализација на неформалната економија и веќе имаме спроведено активности предвидени со Акцискиот план 2018-2020“, рече Тевдовски.

Андреас Пападопулос од Генералниот директорат на ЕК за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, истакна дека главна цел на подготовката на Програмата за економски реформи е да го подобри среднорочното економско планирање со цел подобро дизајнирање и имплементирање на структурните реформи кои ќе го поттикнат инклузивниот раст и конкурентноста.

“Програмата за економски развој им помага на земјите кандидати постепено да се прилагодат на критериумите за членство – постоење на функционална пазарна економија и конкурентност на пазарот“, рече Пападопулос.

На настанот присуствуваше и специјалниот советник за економија на Владата од Германија, Валтер Дефа. Тој посочи дека цел треба да биде повисок раст, но не само квантитативен, туку одржлив, инклузивен и “паметен“ раст – базиран на нови технологии и иновации.

“Еден од клучните приоритети во реформите треба да биде зголемување на продуктивноста и конкурентноста во домашниот приватен сектор со подобро интегрирање на домашните фирми во глобалниот синџир на вредности. Врските со високо продуктивните странски инвестиции и домашните компании треба да се зацврстат. Ова ќе им овозможи на домашните фирми да се модернизираат, да користат модерни технологии, менаџмент практики, маркетинг, финансии и менаџмент на човечки ресури. Со тоа ќе се засили трансформацијата на структурата на економијата кон производство со повисока додадена вредност и поквалитетни работни места“, рече Дефа.

На конференцијата присуствуваше и Јана Репаншек, директорката на Центарот за извонредност на финансиите (ЦЕФ). Таа истакна дека преку редовните обуки кои ги одржува ЦЕФ, континуирано се зајакнуваат капацитетите на вработените во институциите. ЦЕФ започнал к со имплементација на регионален проект за поддршка на земјите во процесот на подготовка на програмите за економски реформи. Се очекува проектот да придонесе за значително подобрување на квалитет