Земјава влегува во проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос

152

Владата ја разгледа и усвои потребата од склучување меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, односно за вложување од страна на Северна Македонија во овие меѓународни проекти.

Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу НЕР АД Скопје и Копелозу Груп и Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и Гастрејд С.А. за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А. за стекнување на 25% удел во Александрополис Електрисити Продукшн С.А.

За сите следни активности за реализацијата на овие проекти задолжени се НЕР АД Скопје и АД ЕСМ редовно да ја информираат Владата на Република Северна Македонија.

Фото: Pexels