Зeмјава за 34% го зголеми извозот на шеќер минатата година

29

Македонија е 98-ма земја во светот по извоз на шеќер којшто минатата година донесе приходи од 511.000 долари или 34,1% повеќе во споредба со 2019 година.

На глобално ниво, извозот на шеќер во 2020 година достигна ниво од 22,9 милијарди долари што е за 11,7% повеќе во однос на една година претходно, покажуваат податоците на World’s top exports.

Петте најголеми извозници на шеќер во светот се: Бразил, Индија, Тајланд, Франција и Германија и заедно опфаќаат 64% од извозот на светско ниво.

Бразил е на лидерската позиција со 38,2% удел во вкупниот извоз и инкасирани 8,7 милијарди долари. По него во првата “петорка“ следат: Индија (2,5 милијарди долари), Тајланд (1,8 милијарди долари), Франција (една милијарда долари) и Германија (633,7 милиони долари).

Србија е најголеми извозник на шеќер од земјите во регионот со 46,9 милиони долари во 2020 година. Потоа следат: Хрватска (42 милиони долари), Словенија (25,8 милиони долари), Бугарија (16,5 милиони долари), Грција (7,3 милиони долари) и Босна и Херцеговина (1,7 милиони долари).

Фото: Pexels