Кина е најголем извозник на компјутери во светски рамки, чија вредност лани достигна 148 милијарди долари. Оваа земја покрива 40% од глобалниот пазар на компјутери, а во вкупниот извоз на влегува продажбата на странски пазари на Хонгконг (21 милијарда долари) и на Тајван (девет милијарди долари), покажува анализата на Howmuch.net.
Мексико се најде на втора позиција со пазарен удел од 8,7%, благодарение на извозот на компјутери во висина од 32 милијарди долари.
Меѓу 10-те најголеми извозници на компјутери во светот, минатата година, беа и: Холандија (28 милијарди долари), САД (26 милијарди долари), Хонгконг (21 милијарда долари), Германија (15 милијарди долари), Чешка (13 милијарди долари), Тајланд (12 милијарди долари), Тајван (девет милијарди долари) и Сингапур (осум милијарди долари).
Фото: Freepik