Земји што имаат огромни резерви на нафта

93

Иако “црното“ злато доживува турбуленции поради пандемијата и несогласувањата меѓу најголемите производители, сепак сè уште е важен енергенс на глобално ниво.

Приматот во количина на резерви на нафта го има Венецуела со 302,8 милијарди барели.

Меѓу 10-те земји со најголеми резерви на нафта: Саудиска Арабија (267 милијарди барели), Канада (167 милијарди барели), Иран (155 милијарди барели), Ирак (145 милијарди барели), Кувајт (101 милијарда барели), Обединети Арапски Емирати (97,8 милијарди барели), Русија (80 милијарди барели), Либија (48,3 милијарди барели) и САД (47 милијарди барели).

Фото: Pexels