Земји што најмногу извезуваат злато во светот

65

Швајцарија е лидер во светот кога станува збор за извоз на златото. Минатата година, оваа земја инкасираше 63,9 милијарди долари од извоз на овој благороден метал. Втора земја е Хонг Конг со извоз од 37 милијарди долари, додека Обединетото Кралство е трет најголем извозник, чија вредност достигна скоро 32 милијарди долари.

Земји коишто, исто така, се големи извозници на овој благороден метал со голем број својства се и: САД (20 милијарди долари), Обединетите Арапски Емирати (15 милијарди долари), Австралија (14,2 милијарди долари), Канада (12 милијарди долари), Сингапур (11 милијарди долари), Перу (6,9 милијарди долари) и Јапонија (6 милијарди долари).

Од земјите во регионот најдобро котира Хрватска, на 98-мо место, со извоз на злато во висина од 38 милиони долари. Од вкупно 159 држави, Грција е 103-та со извоз од 29 милиони долари, Словенија една позиција подолу со 26 милиони долари. Србија се позиционираше на 106-то место со извоз на злато од 23 милиони долари, Бугарија е 109-та со извоз од 20 милиони долари. На листата се најде и Македонија, којашто инкасираше 169.000 долари од извоз на злато и е 151-ва во светски рамки.

Фото: Pixabay