Земји што “вртат“ милијарди од извоз на мотоцикли

140

Извозот на мотоцикли минатата година достигна вредност од 29,5 милијарди долари, што е 3,3% повеќе од 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Скоро 26% од вкупниот извоз на мотоцикли отпаѓа на Кина, којашто во 2019 година инкасираше 7,7 милијарди долари. Меѓу земјите што имаат извоз на мотоцикли што се мери во милијарди се и: Германија (2,53 милијарди долари), Јапонија (2,45 милијарди долари), Индија (две милијарди долари), Тајланд (1,8 милијарди долари), Австрија (1,5 милијарди долари), Италија (1,5 милијарди долари), Холандија (1,5 милијарди долари), Индонезија (1,4 милијарди долари), САД (1,2 милијарди долари) и Тајван (1,1 милијарди долари).

Македонија е 80-та во светот по извоз на мотоцикли, којшто лани достигна вредност од 187.000 долари или 39,6% повеќе во споредба со 2018 година.

Од земјите во регионот, најголем извозник на мотоцикли е Бугарија со 198,7 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (22,8 милиони долари), Хрватска (5,9 милиони долари), Грција (5,9 милиони долари) и Србија (2,7 милиони долари).

Фото: Freepik