Земји со најмал државен долг

89

Државен долг претставува збир за финансиски обврски што се создадени со задолжување на централните власти и општините во форма на заеми и хартии од вредност.

Според податоците од Министерството за финансии, државниот долг на земјава на крајот на првиот квартал изнесува 41,8% од БДП, на крајот на првите шест месеци 50,7% од БДП, додека проекциите се до крајот на годината тој да биде 49,6% од вредноста на БДП.

Хонгконг, Брунеи и Естонија се три земји во светот коишто имаат најниско ниво на државен долг, но не сите имаат стабилна економија и во некои од нив голем е бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија.

Податоците велат дека државниот долг на Хонгконг е 0,5% од вредноста на бруто домашниот производ за оваа година. Втор на листата е Брунеи со 3% државен долг од вредноста на БДП. Меѓу 10-те земји со најнизок државен долг се и: Естонија (9%), Боцвана (13%), Нигерија (16%), Русија (17%), Кувајт (18%), Обединети Арапски Емирати (20%), Казахстан (21%) и Саудиска Арабија (22%).

Фото: Pexels