Од една страна Франција, а од друга страна Средоземно море, Монако е втората најмала држава во светот. Луѓето обично слетуваат на аеродромот во Ница, Франција. Се чини неверојатно, но во Европа има земји кои немаат аеродром.
Ватикан
Најмалата држава во светот со површина од 0,44 километри квадратни. Нема свој аеродром бидејќи се наоѓа во Рим којшто има два меѓународни аеродрома.
Сан Марино
Уште една држава што нема аеродром, но не е опкружена од урбан град како што е случајот со Ватикан. Сепак, аеродромот Federico Fellin е оддалечен само 15 километри.
Монако
Од една страна Франција, а од друга Средоземното Море, Монако е втората најмала држава во светот. Луѓето обично со авион слетуваат на аеродромот во Ница, на Азурниот Брег во Франција, па продолжуваат понатаму.
Лихтенштајн
Оваа мала држава се наоѓа на границата меѓу Австрија и Германија. Најблискиот аеродром е во Швајцарија. Оваа земја има највисок БДП по глава жител и може да се пофали дека е меѓу оние што имаат најмал јавен долг.
Андора
Оваа мала држава меѓу Франција и Шпанија е сместена на Пиринеите. Главен град е Андора ла Велја, којшто воедно е и највисокиот главен град во Европа. На три часа оддалеченост има пет аеродроми во Шпанија и Франција.
Фото: Pixabay