САД се најголем увозник на чоколадо во светот, чија вредност лани достигна скоро три милијарди долари. Зад нив е Германија со увоз на чоколадо во висина од 2,4 милијарди долари, додека на трето место е Франција со увезено чоколадо од над две милијарди долари.
Меѓу првите 10 најголеми увозници се и: Велика Британија (две милијарди долари), Холандија (1,3 милијарди долари), Канада (една милијарда долари), Белгија (889 милиони долари), Полска (842 милиони долари), Шпанија (663 милиони долари) и Јапонија (607 милиони долари).
Од земјите во регионот, највисоко се позиционираат Бугарија и Хрватска (36-то и 37-мо место) со увоз од 165, односно 155 милиони долари. Грција е 41-ва во светски рамки со увоз на чоколадо од 139 милиони долари, додека Словенија е 48-ма со вредност на увозот од 115 милиони долари. Босна и Херцеговина лани увезла чоколадо од 96 милиони долари и е 51-ва, додека Србија е седум места подолу со увоз од 74,7 милиони долари. Македонија е на 73-то место со увоз од скоро 44 милиони долари. Црна Гора е 90-та со увоз од 26,4 милиони долари.
Последните три од 200 земји во светот по увоз на чоколадо се: Гренада, Централноафриканска Република и Сент Китс.
Фото: Pixabay