Земјите членки на ЕУ и во 2022-ра ќе може да отстапуваат од фискалните правила

20

Европската комисија (ЕК) објави дека одредбата за отстапка од фискалните правила, што е сега на сила, за да можат земјите членки преку фискални мерки да ѝ помогнат на економијата во време на криза, да продолжи да важи и следната година.

Постои надеж за економијата во Европската унија, но пандемијата и понатаму ја загрозува егзистенцијата во поширока смисла. Според европски претставници, општата клаузула за отстапки би требало да остане активна и во 2022-ра година, а да се деактивира во 2023 година.

Европската унија во март минатата година ја активираше клаузулата за отстапување од буџетските правила за да може владите да се изборат со економските последици од пандемијата.

Согласно буџетските правила на ЕУ, дефицитот не смее да надмине 3% од вредноста на бруто домашниот производ, а јавниот долг не смее да го премине прагот од 60% од БДП.

Фото: Pexels