Земјите членки на ОПЕК+ постигнаа договор за одржување на стабилно производство на нафта

Земјите од ОПЕК+  постигнаа договор за одржување на стабилно производство на нафта и покрај тензиите меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, еден ден откако САД го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Средбата на осумте членки на ОПЕК+, Саудиска Арабија, Русија, ОАЕ, Казахстан, Кувајт, Ирак, Алжир и Оман, кои произведуваат околу половина од светската нафта, се одржа по падот на цените од повеќе од 18 проценти во текот на 2025 година, што е најголем пад од 2020 година, поради загриженост за прекумерна понуда на пазарот, објави телевизијата BFM.

Земјите од ОПЕК+ ги зголемија своите цели за производство на нафта за околу 2,9 милиони барели дневно помеѓу април и декември 2025 година, што претставува речиси три проценти од глобалната побарувачка за нафта.

Во ноември, тие одлучија да го суспендираат понатамошното зголемување на производството во текот на јануари, февруари и март.

Еден делегат на организацијата изјави дека прашањето за Венецуела не било дискутирано за време на краткиот онлајн состанок.

Следниот состанок е закажан за 1 февруари, според соопштението.