Земјоделски саем во Кавадарци

19

Во организација на здружението Винотек, под покровителство на градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов, денеска и утре во Кавадарци се одржува земјоделски саем, пишува Миа.

На саемот учествуваат 22-ца изложувачи, а според градоначалникот интересот е огромен за посета на оваа манифестација.

Земјоделците, како што рече Јован Еленов, претседател на Винотек, имаат можност да се запознаат со најновите достигнувања во земјоделството.

Првиот земјоделски саем во Кавадарци го поздрави и деканот на факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, професор доктор Драган Димитриевски.

“Кавадарци е огромен производител на грозје и вино и сигурно дека се потребни вакви манифестации каде земјоделците ќе се запознаваат со новата механизација, средствата за заштита и другите потреби за земјоделскиот бизнис“, рече Димитриевски.