Земјотресите ја оштетија турската економија за 84 милијарди долари

76

Повикувајќи се на проценките на турската Конфедерација на претприемачи и претставници на деловните кругови, Блумберг наведува дека загубите на националната економија поради земјотресот ќе бидат околу десет отсто од бруто домашниот производ.
Се прецизира дека штетите на станбените згради изнесуваат 70,8 милијарди долари, последиците од земјотресот ќе доведат до намалување на буџетските приходи на земјата за 10,4 милијарди, а уште 2,9 милијарди ќе ја чинат турската економија загуба на работна сила.

Пресметката направена од Конфедерацијата укажува на поголема штета од онаа што ја проценуваат другите економисти во земјата, а повеќето експерти се согласуваат дека е прерано да се сумираат конечните последици од природната катастрофа во овој момент.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала во југоисточна Турција досега предизвикаа смрт на речиси 30.000 луѓе, а повеќе од 6.000 згради се урнаа, јави агенцијата Танјуг.

Фото: Facebook