Zera Food Recycler – уред што остатоците од храна ги претвора во ѓубриво

26

zera

Zera Food Recycler е кујнски уред што остатоците од храна, преку автоматизиран процес, ги претвора во ѓубриво. Добиеното ѓубриво може да се користи за подобрување на квалитетот на растенијата во дворот на семејството што го употребува Zera Food Recycler.

Уредот е компатибилен за секоја кујна, а има капацитет да преработи околу 3,5 килограми, што е просечна тежина на остатоци од храна што ги прави едно просечно семејство во САД.

Zera Food Recycler ги процесира собраните отпадоци во рок од 24 часа, по што се добива ѓубривото.

zera-1

Овој уред за рециклирање на секаков вид храна е поврзан и со мобилна апликација, преку која корисникот ги има на увид сите податоци.

Zera Food Recycler има своја кампања на глобалната платформа за групно финансирање, Ingiegogo. Оттаму првично побараа 50.000 долари, а на седум дена пред крајот на кампањата успеаја да соберат над 348.800 долари.