Згаснати 22 милиони работни места во развиените земји

43
Contemporary Room Workplace Office Supplies Concept

Во развиените економии се изгубени 22 милиони работни места поради пандемијата со Ковид-19, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во годишниот извештај на ОЕЦД за изгледите за вработување се наведува дека 21 милиони работни места се зачувани од државните програми за заштита на вработувањето, спроведени среде кризата со коронавирусот.

Богатите нации се соочуваат со закана од долгорочен пораст на стапката на невработеност, бидејќи на многу неквалификувани работници кои беа раселени од пандемијата, тешко им е да најдат ново работа, пренесува CNBC.

Во мај 2021 година, стапката на невработеност во земјите на ОЕЦД падна на 6,6%, но сепак е за најмалку 1% над нивото на пандемијата.

Експертите на ОЕЦД не очекуваат вкупното вработување во земјите-членки на оваа организација да се нормализира до третиот квартал на 2023 година. Ситуацијата за вработување во некои земји, како што се оние во азиско-пацифичкиот регион, кои покажаа дека се подобро способни да се справат со кризата, може побрзо да се подобри.

Во извештајот се наведува дека кризата на пазарот на трудот веројатно ќе влијае на младите повеќе отколку на пошироката возрасна работна популација.

Според студија на ОЕЦД, влијанието на Ковид кризата врз младите беше двојно поголемо отколку кај возрасните воопшто, а меѓу најтешко погодените се млади луѓе во Канада, САД, Мексико и Шпанија.

“За да се ублажи ваквата ситуација, овој пат треба да се преземат посилни мерки за инвестирање во млади луѓе, како што е обука и преквалификација во компанијата“, рече Стефано Скарпета, директор за вработување, труд и социјала во ОЕЦД. 

Фото: Freepik