Зголемен бројот на домашни туристи во септември

38

Бројот на домашни туристи во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, е зголемен за 33,7%, а бројот на странските туристи е намален за 92,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, е зголемен за 26%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 90,9%.

Бројот на туристи во септември оваа година изнесува 44.313, а бројот на ноќевањата изнесува 117.118.

Бројот на туристи во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 63,9%, а бројот на ноќевањата има пад за 57,5%.

Во периодот јануари ‒ септември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 60,4%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 20,7%, а кај странските има намалување за 83,8%.

Во периодот јануари ‒ септември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 46,3%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14,1%, а кај странските има намалување за 84%.

Фото: Pixabay