Зголемен бројот на работници во индустријата во април

16

rabotnik-vo-industrija-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата, во април оваа година во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи опаѓање од 0,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,1%, Капитални производи за 10,7% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,7%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2017 година, во однос на периодот јануари – април 2016 година, е зголемен за 0,4%.