Зголемен бројот на работници во индустријата во декември

11

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во декември 2018 година, во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 2,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 2,9%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3%, Капитални производи за 16,5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,8%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на периодот јануари − декември 2017 година, изнесува 105,9.