Зголемен бројот на работници во индустријата во јануари

13

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е зголемен за 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст од 1%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,2%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,8% и Капитални производи за 16%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9%.