Зголемен бројот на туристи, а намален бројот на ноќевања во јуни

20

Бројот на туристите во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е зголемен за 0,6%, а бројот на ноќевањата е намален за 1,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во јуни 2016 година изнесува 71.813, а бројот на ноќевањата изнесува 171.861. Бројот на домашните туристи во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е зголемен за 1,7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 0,2%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е намален за 1,9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1,6%.

Во периодот јануари – јуни 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10,2%, а кај странските има зголемување за 7,9%.

Во периодот јануари – јуни 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 8,5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13,8%, а кај странските има зголемување за 5,4%.