Фото: Pixabay
Бројот на туристи во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 2,9%, а кај бројот на ноќевања има пораст од 1,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупниот број на туристи во април 2019 година изнесува 85.017, а бројот на ноќевањата изнесува 166.238.
Бројот на домашните туристи во април 2019 година, во однос на април 2018 година, е зголемен за 6,5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1,5%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2019 година, во однос на април 2018 година, е зголемен за 3,3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0,1%.
Во периодот јануари – април 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,4%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,4%, а кај странските има зголемување за 1%.
Во периодот јануари – април 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0,8%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,4%, а кај странските има намалување за 1,3%.