Зголемен бројот на туристи во ноември

22

Фото: Pixabay

Бројот на туристите во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 12%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во ноември 2018 година изнесува 56.948, а бројот на ноќевањата изнесува 126.373.

Бројот на домашните туристи во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 16%, а бројот на странските туристи е зголемен за 9,8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 11,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7,3%.

Во периодот јануари − ноември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14,2%, а кај странските има зголемување за 12,3%. Во периодот јануари − ноември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14,7%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14,1%, а кај странските има зголемување за 15,3%.