Зголемен бројот на туристи во октомври

31

Бројот на туристи во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 16,9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристи во октомври оваа година изнесува 97.347, а бројот на ноќевањата изнесува 200.027.

Бројот на домашни туристи во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, е зголемен за 11,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 19,3%.

Бројот на ноќевања на домашните туристи во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, е зголемен за 2,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,7%.

Во периодот јануари – октомври 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 4,5%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,8%, а кај странските има зголемување за 6,1%.

Во периодот јануари – октомври 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,4%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,1%, а кај странските има зголемување за 5,2%.

Фото: Pexels