Зголемен е бројот на банкроти во ЕУ

40

Бројот на банкроти во Европската унија (ЕУ) е зголемен за 26,8 отсто во последниот квартал од минатата година во однос на претходниот квартал, што е највисоко од 2015 година, покажуваат податоците на Евростат, додека, според истите показатели, бројот на новоотворените компании пак бележи пад од 0,2 отсто.

Во однос на третото тримесечје од минатата година, најмногу е зголемен бројот на стечаи во сообраќајот и складирањето (72,2 отсто), како и во сместувањето и угостителството (39,4 отсто).

Споредено со четвртиот квартал од 2019 година, растот на бројот на стечаи е најголем во секторот сместување и угостителство (97,7 отсто). Намален е бројот на стечаи само во индустријата (17,6 отсто), градежништвото (9,2 отсто) и информациско-комуникациските услуги (ИКТ), четири отсто.

Во Словенија бројот на стечаи во последниот квартал од минатата година е зголемен за 20,5 отсто во однос на претходната, а бројот на регистрирани нови фирми е зголемен за 2,4 отсто.

Фото: Freepik