Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2022 година

44

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2022 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на јуни 2022 година и изнесува 14.2, а во однос на јули 2021 година е намален за 0.7 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2022, во однос на јуни 2022 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2022 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јули 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2022 година изнесува 66.0 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 20.9 %, недоволната странска побарувачка со 17.7 %, неизвесното економско опкружување со 14.6 % и недоволната домашна побарувачка со 11.9 %.