Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември

13

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември оваа година е за 0,2 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а за 4,6 процентни поени, покажува оценката на раководителите на деловните субјекти.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2016, во однос на октомври 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на ноември 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2016 година изнесува 66,1% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23,3%, недоволната домашна побарувачка со 21,3% и недостигот на квалификувана работна сила со 15,2%.