Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи во септември

21

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2013 година изнесува 1.327.366 илјади денари, што претставува зголемување за 63,6% во споредба со септември 2012 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 143,4%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 9,7%.

Зголемувањето на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува скоро кај сите земјоделски производи додека намалувањето се забележува кај житата, живината и јајцата, млекото и млечните производи.