Зголемен прометот во индустријата

14

Вкупниот промет во индустријата во септември годинава е зголемен за 13,5 отсто во споредба со август, во однос на ланскиот септември порастот е 2,8 отсто, додека во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на периодот јануари – септември 2020 година е повисок за 18,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 25,6 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 24,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 19,1 процент.

Прометот во индустријата, пак, на домашниот пазар, во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, е зголемен за 9,7 отсто, во однос на август годинава порастот е 5,6 отсто, а за првите девет месеци од годинава пораснал за 6,3 отсто во споредба со истиот период лани.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,9 отсто, Капитални производи за 63,9, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година е зголемен за 0,2 отсто, во споредба со август годинава порастот е 16 отсто, а во првите девет месеци од годинава пораснал за 21,4 отсто во споредба со истиот период лани.

Прометот во индустријата на странските пазари во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 31,5 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 31,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19,9, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 20 отсто.