Зголемен прометот во индустријата

63
Индексот на прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани изнесува 121.5, пресмета Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 22.8 %, Капитални производи за 19.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 30.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 22.8 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2022 година, во однос на април 2022 година, изнесува 109.3, додека во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 117.1.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, изнесува 119.5.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21.8 %, Капитални производи за 12.4 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19.1 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2022 година, во однос на април 2022 година, изнесува 98.4, додека во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 116.4.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, изнесува 121.7.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 22.7 %, Капитални производи за 18.8 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 49.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 27.8 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2022 година, во однос на април 2022 година, изнесува 112.4, додека во периодот јануари – мај 2022 година, во однос на периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 116.9.