Во април: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 13,3% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства”.

На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,3%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.

Монетарни движења во Република Северна Македонија: април 2026 година

‒ Во април 2026 година, паричната маса (монетарниот агрегат М31,2) забележа месечен пад од 1,3%, којшто во најголем дел се должи на намалените краткорочни депозити, помалку и на долгорочните депозити до две години, во услови на раст на готовите пари во оптек и депозитните пари. Годишниот раст изнесува 9,4% и во поголем дел произлегува од зголемените депозитни пари и краткорочните депозити, а позитивно влијание имаат и готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години.

‒ Вкупните депозити3, во април, се намалени за 1,4% на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, додека депозитите на секторот „домаќинства“ остварија раст. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

‒ Во април, вкупните кредити забележаа месечно и годишно зголемување од 1,0% и 13,3%, соодветно. Месечната и годишната промена е резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.

Депозити и кредити на корпоративниот сектор
‒ Депозитите на корпоративниот сектор, во април, се пониски за 9,1% на месечна основа, во најголем дел поради намалувањето на краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, при пад и на долгорочните депозити, додека краткорочните депозити во денари забележаа раст. Годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 6,0% и произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута се намалија.

‒ Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор5 забележаа месечно зголемување од 1,0%, коешто во поголем дел е резултат на зголемените кредити во денари, при дополнителен раст и на кредитите во странска валута. Споредено на годишна основа, растот од 15,0% во целост се должи на зголеменото кредитирање во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута.

2. Депозити и кредити на домаќинствата

‒ Депозитите на домаќинствата, во април, бележат нагорна месечна промена од 1,6%. Притоа, промената произлегува во најголем дел од растот на депозитните пари, како и растот на краткорочните депозити во странска валута, долгорочните и краткорочните депозити во денари, додека долгорочните депозити во странска валута остварија пад. Споредено со април минатата година, депозитите на домаќинствата се повисоки за 10,5%, главно како резултат на зголемените депозитни пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута. ‒ Во април, кредитите на домаќинствата остварија месечно и годишно зголемување од 1,0% и 11,9%, соодветно, под влијание на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари.

‒ Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, во април бележат месечно зголемување од 1,2% и 1,3%, соодветно, при годишен раст од 11,2% и 16,2%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити остварија раст од 1,1% и 4,9% на месечна и на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечно и годишно намалување од 0,5% и 4,6%, соодветно. Негативните салда на тековните сметки бележат месечно намалување од 6,3% во април, во услови на годишен раст од 3,7%. Во април, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,4% и 11,2% на месечна и на годишна основа, соодветно, стои во соопштението од Народната Банка.