Зголемен прометот во индустријата во декември

15

Фото: Pixabay

Прометот во индустријата во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 6,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3% и Капитални производи за 19,1%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9%.

Прометот во индустријата, вкупно, во декември 2018 година, во однос на ноември 2018 година, е намален за 16,9%, додека во периодот јануари – декември 2018 година, во однос на периодот јануари – декември 2017 година, е зголемен за 12,5%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е намален за 5,2%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 38,5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,9%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2018 година, во однос на ноември 2018 година, е намален за 2,3%, додека во периодот јануари – декември 2018 година, во однос на периодот јануари – декември 2017 година, е зголемен за 1,4%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 10,9%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9%, Капитални производи за 21,9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,8%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2018 година, во однос на ноември 2018 година, е намален за 21,6%, додека во периодот јануари – декември 2018 година, во однос на периодот јануари – декември 2017 година, е зголемен за 15,7%.