Зголемен прометот во индустријата во јуни

13

Прометот во индустријата во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 3,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2016, во однос на јуни 2015 година, бележи опаѓање од 8,7%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 6,9%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е на исто ниво, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,3%.

Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи пораст кај Капитални производи за 21,5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,5%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8%.

Прометот во индустријата во јуни 2016 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 0,4%, додека во периодот јануари – јуни 2016 година, во однос на периодот јануари – јуни 2015 година, е зголемен за 9,9%.