Зголемен прометот во индустријата во март

33

Фото: Pexels

Прометот во индустријата, во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 13,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,8%, Капитални производи за 21,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,1%.

Прометот во индустријата во март 2019 година, во однос на февруари 2019 година, е зголемен за 12,9%, додека во периодот јануари – март 2019 година, во однос на периодот јануари – март 2018 година, бележи пораст од 11,9%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 3,2%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13% и Капитални производи за 25,9%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2019 година, во однос на февруари 2019 година, бележи зголемување од 18,7%, додека во периодот јануари – март 2019 година, во однос на периодот јануари – март 2018 година, е на исто ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 17%. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,5%, Капитални производи за 21,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,4%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,7%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во март 2019 година, во однос на февруари 2019 година, има пораст од 11,6%, додека во периодот јануари – март 2019 година, во однос на периодот јануари – март 2018 година, е зголемен за 15,7%.