Зголемен прометот во индустријата во ноември

11

Прометот во индустријата во ноември 2016 година, во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 11,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2016, во однос на ноември 2015 година, бележи пораст од 6,7%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 13,2%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи опаѓање од 1,3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,6%, Капитални производи за 18%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 15,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,2%.

Прометот во индустријата во ноември 2016 година, во однос на октомври 2016 година, е зголемен за 2,8%, додека во периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на периодот јануари – ноември 2015 година, порастот е 10,2%.